

Да се патува – значи да се живее, рекол Ханс Кристијан Андерсен, принцот на сказните и на детските сништа.
Веруваме дека во патувањето, како и во животот и работата, искуството е највредното нешто. Со таа мисла и мисија, во 2007 година влеговме во регионалниот проект Go Balkans и по извонредните искуства на високо ниво што им ги понудивме на повеќе од 30.000 туристи, сфативме дека е време за трансформација, за чекор понатаму. За нова филозофија, нешто поинакво, нешто подлабоко и незаборавно, нешто што е повеќе од вообичаеното искуство.
Никогаш не било поважно да се размислува за начинот на патување, за средствата што ги користиме и за одговорноста што ја преземаме. Одговорниот туризам подразбира одлуки што ја поддржуваат долговечноста на туризмот на одредена локација, при што се почитуваат животната средина и подобрувањето на квалитетот на животот на локалните жители, одлуки што се однесуваат на нас самите. Тоа значи да ја разбереме локалната култура и да придонесеме за зачувувањето на околината. Економскиот просперитет, социјалната вклученост и комуникација, зачувувањето на културната и на животната средина – сето тоа е неопходно за да се обликува туристичката иднина, а наше право, но и обврска е да пораснеме, да се вклучиме и да бидеме дел од таа голема идеја.
Со долгогодишното искуство во туризмот, сместувањето и транспортот, доверливоста и висококвалификуваниот кадар, Balkan Prime Tours е дојдовен туроператор, кој е Б2Б ориентиран, вистински партнер за вашата тура низ убавиот ридест Балкан. Македонија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија... Лоциран во Скопје, Македонија, во срцето на Балканскиот Полуостров – Balkan Prime Tours ви посакува: Добредојдовте!
Филозофијата на Balkan Prime Tours се темели на пет клучни точки:





Возниот парк на Balkan Prime Tours го сочинуваат:






