Србија

Со векови, Србија ги поврзува Западот и Истокот. Тоа е земјата каде што се среќаваат култури, вери, клима и пејзажи, земјата што денес претставува модерна, европска држава. Без оглед на сè, Србија умешно ја зачувала вистинската убавина на своите планини, кањони, клисури, пештери, шуми и други природни скапоцени камења.

ЗОШТО ДА ЈА ПОСЕТИТЕ СРБИЈА?

Градот Белград лежи на два меѓународни водни патишта, на вкрстувањето на  реките Сава и Дунав, кои го опкружуваат од три страни. Поради позицијата, градот е познат како „премин кон Балканот“ и „врата кон Централна Европа“. Најстарите археолошки наоди во регионот на Белград датираат од петтиот милениум п.н.е. Предисторискиот локалитет Винча се наоѓа на десниот брег на Дунав и има траги од праисториски човечки културен материјал (неолитска пластична уметност), што го прави Белград еден од најстарите градови во Европа.

Музејот на Југославија, лоциран во Белград, е посветен на една од најсилните земји во Европа некогаш, која се распадна во 1991 година. Музејот содржи повеќе од 200.000 предмети, кои го илустрираат животот во поранешна Југославија, со акцент на животот и на работата на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито.

На карпестиот гребен на подножјето од Фрушка Гора, се наоѓа големата Петроварадинска тврдина, која била стратешко место за многу војни низ вековите. Последните археолошки истражувања покажуваат дека ова место има историја подолга од 2000 години. Келтите, Римјаните, Византијците, Унгарците, Турците и Австријците се само дел од бројните култури и општества што ја користеле оваа тврдина низ вековите. Според една легенда, името Петроварадин е изведено од зборови од повеќе јазици – „Петра“ од латинскиот збор за карпа, „вар“ од унгарскиот за град и од „дин“, што на турски значи вера. Оттука, целото име би се превело како „Град на карпата, цврст како верата“.
Шарганската осмица е железничка пруга со тесен колосек, чија изградба е завршена во 1925 година. Денес таа е една од главните туристички атракции поради нејзиниот старомоден изглед – вагоните со дрвени седишта и дрвените печки, како и поради прекрасниот, див пејзаж на планината Тара, низ која поминува возот, на стрмниот пат кон еден од планинските врвови.

Љубостиња е еден од најубавите и најзначајните манастири во Србија. Изграден е од принцезата Милица, од 1388 до 1405 година, а е посветен на Успение на Пресвета Богородица. Неговото име доаѓа од старословенските зборови „љубов“ и „стиња“ и значи „место на љубовта“. Овој манастир е навистина место за љубов – принцезата му го дала името во чест на нејзината љубов кон кнезот Лазар. Принцот и принцезата се сретнале точно на местото каде што е изграден манастирот.
 

Музејот под отворено небо „Старо село“ во Сирогојно е автентично село од крајот на 19 и почетокот на 20 век, кое го отсликува животот на селските семејства. Во „Старо село“, кое е збир од куќи и придружни дрвени градби, е сочувана старата архитектура од селото Златибор. Сите предмети се автентични, а музејската работилница нуди реплики на музејските уметнички дела, керамика, столарија и други занаетчиски предмети.

Заштитена од УНЕСКО, Гамзиград Ромулијана е доцно-римска палата и меморијален комплекс, изграден кон крајот на 3 и почетокот на 4 век. Нарачан од царот Галериj Валериj Максимиjан, кој во чест на неговата мајка Ромула ја нарекол Ромулијана. Силната крепост на палатата е алузија на фактот дека императорите на тетрархијата биле големи воени лидери. Просторните и визуелните врски меѓу палатата и спомен-комплексот се единствени.

Стара Планина, во близина на градот Књажевац, е најголемата планина во Источна Србија. Овој висок планински венец, со фасцинантна убавина и со недопрена природа, е природна граница со Бугарија. Како една од најубавите планини во земјата, Стара Планина е природно богатство со извонредна важност, бидејќи им припаѓа на природните убавини од прва категорија. „Бабин Зуб“, на надморска височина од 1.758 метри, е еден од најубавите предели на Стара Планина, чии карпи завршуваат на југоисточниот дел, од каде почнува Миџор (2.169 метри надморска височина), највисокиот врв на Стара Планина во Србија. Бабин Зуб е заштитен природен резерват, со развиен скијачки центар.

Галерија
Иконографик
Печење
Сливовица
Српски динар (RSD)
Унитарна парламентарна уставна република
Патен, железнички и воздушен
Континентална, умерено континентална, планинска
Белград
7.041.599
Српски
Моторни возила, основни метали, машини и опрема, хемикалии, гуми, преработка на храна и пијалаци, фармацевтски производи.
Православни христијани, католици, муслимани и протестанти
Контакт
Tour Operator
Balkan Prime Tours
ул. Васил Главинов
бр. 7-б, спрат 6, 1000, Скопје, Македонија
+389 2 551 89 55 +389 78 44 99 98
info@balkanprime.tours office@balkanprime.tours