Албанија

Со изворниот и недопрен пејзаж, Албанија бргу станува една од најбараните дестинации за одмор во светот. Типичната медитеранска земја, распространета меѓу Јадранското и Јонското Море, ѝ дава уникатен карактер и печат на земјата. Шармантната Албанија инспирира со мешавината на цивилизации и култура.

ЗОШТО ДА ЈА ПОСЕТИТЕ АЛБАНИЈА?

На југозападниот дел од Албанија, во близината на морскиот брег, можете да го истражувате античкиот град во регионот Епир – Бутринт, кој датира од 7 век. Значењето на ова археолошко наоѓалиште беше официјално признаено и заштитено од УНЕСКО во 1994 година.

Регистриран како светско наследство во 2005 година и ратификуван во 2008 година од страна на УНЕСКО, Берат е градот каде може да се најдат траги од илирскиот, византискиот и од отоманскиот период, богат со стари цркви со прекрасни ѕидни слики, икони и дрвени резби. Затоа, во 1961 година „Градот на илјада прозорци“ го доби епитетот „Музејски град“ од албанската држава.

Аполонија била древен град во Илирија, на десниот брег од реката Аос (денешна река Војуша). Градот бил основан во 588 год. п.н.е. од грчки колонисти од Крф и од Коринт, на место што првично било окупирано од илирски племиња. Аполонија доживеала подем во периодот на римското владеење и била дом на познато училиште за филозофија. Цицерон, познатиот римски оратор, бил фасциниран од убавината на Аполонија и во неговите „Филипики“, ја нарекол „magna urbs et gravis“ што значи „голем и важен град“, пишува „Нешнл џиографик“ во програмата „Геотуристички водич за Западен Балкан“.

Албанската народна исо-полифонија е прогласена за „ремек-дело на усното наследство на човештвото“ и е заштитена од УНЕСКО од 25 ноември 2005 година.

Според статијата „Плажите што се заборавени од времето“ на Ник Изн во „Гардијан“ (2008 година), недопрената албанска ривиера е слика на Медитеранот, каков што беше порано – идилични плажи, извонредно сонце и спокојно темпо на живот.

Галерија
Иконографик
Елбасан тава
Раки
Лек (All)
Унитарна парламентарна уставна република
Патен, железнички, поморски и воздушен
Медитеранска
Тирана
2.876.591
Албански
Преработка на храна, мебел, масло, цемент, хемикалии, рударство, основни метали, хидроенергија, туризам, текстилна индустрија и екстракција на нафта
Муслимани, католици, православни христијани
Контакт
Tour Operator
Balkan Prime Tours
ул. Васил Главинов
бр. 7-б, спрат 6, 1000, Скопје, Македонија
+389 2 551 89 55 +389 78 44 99 98
info@balkanprime.tours office@balkanprime.tours