Црна Гора

Црна Гора, бисерот на Медитеранот, е сместена во јужниот Јадран. Едвај ќе пронајдете која било друга земја со толкава големина, која крие толку многу природна убавина на тивките плажи, бистрите езера, брзите реки и на прекрасните планини. Црна Гора е навистина уникатна на многу начини.

ЗОШТО ДА ЈА ПОСЕТИТЕ ЦРНА ГОРА?

Опкружен со камен, скриен и полн со приказни, Котор со сигурност е главниот град на културата во Црна Гора. Стариот град Котор е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство, како еден од најдобро зачуваните средновековни градови на Јадранското Море. Которскиот Залив, најдлабокиот и најдолгиот залив на Јадранското Море, понекогаш се нарекува и најјужниот фјорд во Европа.

Свети Стефан е необично и уникатно место не само во Црна Гора или на Будванската Ривиера, туку и на целиот Медитеран. Покривите на куќите на „градот-хотел“, кој е поставен на гребенот на карпест остров, црвенеат како елегантни рубини.  Островот е поврзан со копно преку каменлив провлак, кој му дава изглед на полуостров. И самото настанување на Св. Стефан е единствено.

Слатководното Скадарското Езеро е еден од петте национални паркови на Црна Гора. Опкружено со драматични карстни планини и место на возбудлив спектар на диви животни, повеќе од 260 видови птици, традиционални рибарски села, островски манастири и недопрени плажи.
Манастирот Острог е местото каде доаѓаат луѓе од различни вери (православни, католици, муслимани...). Главната причина е верувањето во чудата на моштите на Св. Василиј Острошки. Аџиите велат дека молитвата пред моштите помага за брзо заздравување, а може да ги намали и несреќите во животот.

Националниот парк Дурмитор е една од најдобрите туристички дестинации во Црна Гора. Посетителите имаат можност да уживаат во неверојатната природа, високите планински врвови, прекрасните шуми и во единствениот кањон на реката Тара. Не пропуштајте го Дурмитор – ова е едно од најуникатните искуства што нуди многу активности.

Галерија
Иконографик
Брав у млијеку
Ракија
Евро (EUR)
Парламентарна република
Патен, железнички, поморски и воздушен
Медитеранска, планинска, континентална
Подгорица
622.781
Црногорски
Челик, алуминиум, земјоделска обработка, стока за широка потрошувачка, туризам
Православни христијани, муслимани, католици
Контакт
Tour Operator
Balkan Prime Tours
ул. Васил Главинов
бр. 7-б, спрат 6, 1000, Скопје, Македонија
+389 2 551 89 55 +389 78 44 99 98
info@balkanprime.tours office@balkanprime.tours