Македонија

Планинската Македонија останува по малку мистериозна. Големата мешавина од античкото и од модерното, е вистински рај за тие што уживаат во авантури на отворено. Оваа централна земја на Балканот е позната по топлото гостопримство, храната, виното и по музиката.

Зошто да ја посетите Македонија?

Мајка Тереза, е родена на 26 август 1910 година, во Скопје, Македонија. Гонџа Агнес Бојаџиу била најмладата од трите деца, а нејзиното семејство било од албанско потекло.

Според Ендру Греам-Диксон, британски историчар на уметноста и писател, фреските во црквата Св. Пантелејмон во Нерези не се статични, туку тие, со експресијата на емоцијата и со реализмот, се предвесник на западниот акцент на прикажувањето на Христос како човек од месо и крв, кој ќе се појави околу 150 години подоцна. Тој потсетува дека овие фрески од 1160 година ги претекнуваат сличните емотивни фрески на Џото од капелата Арена во Падова (околу 1305 година), што укажува на тоа дека ренесансата можеби не почнала во Италија.

Според НАСА, Кокино е четврта на листата најстари мегалитски опсерватории во целиот свет, веднаш по Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Велика Британија и Анкор Ват во Камбоџа.

Во градот Тетово можете да ја видите прекрасната и единствена живописна џамија (Шарена џамија), значајна по внатрешните и надворешните сликарски декорации. Овој османлиски споменик потекнува од XV век.

Најраните пронајдоци од скопската тврдина Кале содржат остатоци од првата населба од бакарното време (енеолит) од четвртиот милениум п.н.е.

Според аргументите на Организација за образование, наука и култура на ООН (УНЕСКО), градот Охрид е една од најстарите човечки населби во Европа, изградена на брегот на Охридското Езеро, главно меѓу 7 и 19 век, со најстариот словенски манастир (Св. Пантелејмон) и со повеќе од 800 икони во византиски стил од 11 до крајот на 14 век. По колекцијата во Третјаковската галерија во Москва, ова се смета дека е најважната колекција на икони во светот. Регионот на Охридското Езеро е заштитен од УНЕСКО и се смета за регион со извонредна универзална вредност.

Орото Копачка е динамичен и енергичен социјален танц, изведен од локалните жители на селото Драмче во областа Пијанец. Овој традиционален македонски танц е на репрезентативната листа на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото.

Македонците носеле 70 различни национални носии, во зависност од регионот каде што живееле. Секој тип на народни носии има свои карактеристики, а заеднички за сите е присуството на црвената, црната и белата боја, како и на геометриските форми.

Галерија
Иконографик
Тавче-гравче
Ракија
Денар (MKD)
Парламентарна република
Патен, железнички и воздушен
Медитеранска и континентална
Скопје
2.022.547
Македонски
Производство на челик и на хемикалии, текстил, преработка на храна, пијалаци, тутун, мебел, лекови
Православни христијани, муслимани, католици, други христијани
Македонија на блогот
article
Интервју со Александар Сотироски
Што би можеле да раскажеме за Охрид и за Охридското Езеро, што веќе не е раскажано и напишано?! Поради големиот…
Погледни ја статијата
article
Гастрономски водич низ Балканот
Вкусна храна се прави насекаде во светот и секоја земја, секој регион има свои карактеристики. Од…
Погледни ја статијата
article
Работа што исполнува на секое поле
Ивана Печалева е битолчанка, која сака бои, разновидност, живост, активност, дејствување... Таа е полиглот –…
Погледни ја статијата
Контакт
Tour Operator
Balkan Prime Tours
ул. Васил Главинов
бр. 7-б, спрат 6, 1000, Скопје, Македонија
+389 2 551 89 55 +389 78 44 99 98
info@balkanprime.tours office@balkanprime.tours