Хрватска

Хрватска е земја на илјада острови, чудесна природа и на богато наследство. Тоа е земјата чија убавина се слави уште од античко време. Земја што многумина ја нарекуваат рај на земјата. Хрватска отсекогаш била место за вистинска инспирација.

ЗОШТО ДА ЈА ПОСЕТИТЕ ХРВАТСКА?

Шеснаесетте прекрасни Плитвички Езера, кристално чисти и тиркизни, се наоѓаат едно под друго во пошумениот планински предел. Високите водопади се создаваат кога водата протекува од повисокото кон пониското езеро, оставајќи ги посетителите без здив.

Речиси два километри по должина, градските ѕидини на Дубровник се меѓу најдобро зачуваните и најатрактивните на планетава, а прошетка меѓу нив е апсолутно задолжителна. Овие одбранбени ѕидови биле изградени меѓу 8 и 16 век. Фактот што главниот ѕид, кој е свртен кон копнената страна на градот, е широк до 6 метри, ја покажува примарната цел на ѕидините за одбрана од напади од Отоманската империја.
Корчула е родното место на познатиот светски патник Марко Поло.

Морските оргули во Задар се првите музички оргули кои звукот и мелодијата ја добиваат од морето, односно од неговите бранови. Едноставни и елегантни скали, вдлабени во бел камен, на кој постојат 35 отвори изработени во должина од 75 метри. Движењето на морето внесува воздух и во зависност од големината и брзината на бранот, се јавува музичка нота што создава прекрасни хармонични звуци.

Според Алфред Хичкок, зајдисонцето во Задар е поубаво од тоа во Калифорнија.

Белата куќа на Вашингтон, Парламентот и Новата палата во Виена, Собранието во Будимпешта се само дел од познатите згради, направени од белите камења пронајдени на островот Брач, во близина на Сплит.

Првиот жител на Сплит бил римскиот император Диоклецијан, кој изградил палата во овој пријателски залив околу 293 година. По неговото повлекување, тој се повлекол во оваа луксузна палата од околу 30.000 квадратни метри.

Катедралата Св. Јаков во Шибеник била градена повеќе од еден век. Постојат повеќе работи што ја прават уникатна, не само во хрватската архитектура, туку и во европската. Катедралата целосно е изградена од камен, без да се користи друг материјал; таа е уникатна по храбрата структура на камени плочи без сврзувачки материјал; таа е единствена меѓу ренесансните цркви со својата предна фасада во облик на детелина и е уникатна според хармонијата на архитектурата и редот од 71 реалистичен скулпторски портрет околу апсидите.

Велат дека најубавата миризлива лаванда може да се најде на островот Хвар.

Галерија
Иконографик
Загребачки одрезак
Ракија
Куна (HRK)
Парламентарна република
Патен, железнички, поморски и воздушен
Умерено континентална, планинска, (суб)медитеранска
Загреб
4.164.783
Хрватски
Машини и опрема, бродоградба, петрохемиски производи, електрична енергија, електроника, дрвна индустрија и мебел, фармацевтски производи, преработка на храна и пијалаци, цемент и градежништво, хемиска индустрија и пластика, текстил, обувки и производство на кожа
Католици, православни христијани, муслимани, протестанти
Контакт
Tour Operator
Balkan Prime Tours
ул. Васил Главинов
бр. 7-б, спрат 6, 1000, Скопје, Македонија
+389 2 551 89 55 +389 78 44 99 98
info@balkanprime.tours office@balkanprime.tours