Босна и Херцеговина

Босна и Херцеговина е една од земјите што најмногу ќе ве изненади со убавините на културната разноликост. Недопрената природа и пејзаж нудат огромен избор за одмор и за авантури. Централните Динарски Планини се рај за љубителите на планинарењето, додека различните пејзажи од алпски и медитерански клими, ќе бидат изненадување за сите.

ЗОШТО ДА ЈА ПОСЕТИТЕ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА?

Стариот камен мост во Мостар бил изграден во 1566 година. Мостот, ремек-дело на османската архитектура на Балканот, воодушевувал со архитектонската убавина и елеганција на едноставноста и суштината на структурата. Оригиналниот Стар мост беше уништен во 1993 година во босанскиот конфликт и повторно беше реконструиран во 2004 година, со користење остатоци од Стариот мост. За популацијата, која сè уште заздравува од етничките поделби, сега повеќе од кога и да било досега, мостот претставува симбол на единство.

Мостар е познат како најсончевиот град во Европа.

Отоманското минато на Сараево може да се почувствува на калдрмите во Башчаршија, каде превладуваат бакарно-зелените куполи, со поглед на тесните занаетчиски улички. Големите реликвии од Австроунгарско царство пак, може да се забележат на улиците околу Ферхадија. Иако знаците на неодамнешното минато во градот сè уште се присутни – траги од шрапнели на ѕидовите и гробници на околните падини, Сараево е град што го слави животот.

Травник е познат како родно место на писателот Иво Андриќ, добитник на Нобеловата награда за литература. Овој отомански град сè уште најдобро го претставува тоа што некогаш се нарекувало Европскиот Истанбул. Античките тврдини и џамиите што се наоѓаат на врвот на градот, се исто толку импресивни како и оригиналната босанска архитектура што му дава на градот посебен шарм.

Меѓугорје. Во раните 1980-ти години од минатиот век, неколку тинејџери имале привидение од Дева Марија. Оттогаш, ова подзаспано село во Херцеговина се трансформира во место за католички аџилак на верници од целиот свет.

Текот на реката Буна од зелената планинска пештера над Благај – совршено место за уживање во вкусната босанска кујна и во чистиот хедонизам.

Благај Теќе. Дервишкиот манастир од 16 век е олицетворение на хармонијата меѓу човекот и природата. Оваа извонредна структура била изградена на устието на најголемата речна глава во Херцеговина, пробивајќи се од пештера до основата на карпа од 200 метри.

Галерија
Иконографик
Ќебапи, бурек
Сливовица
Конвертибилна марка (BAM)
Федерална република
Патен, железнички и воздушен
Континентална
Сараево
3.531.159
Босански, Хрватски и Српски
Челик, јаглен, железна руда, олово, цинк, манган, боксит, текстилна индустрија, преработка на храна, пијалаци и тутун, производство на мебел, резервоари, рафинирање на нафта
Муслимани, православни христијани, католици
Контакт
Tour Operator
Balkan Prime Tours
ул. Васил Главинов
бр. 7-б, спрат 6, 1000, Скопје, Македонија
+389 2 551 89 55 +389 78 44 99 98
info@balkanprime.tours office@balkanprime.tours