Грција

Кога ќе се спомене Грција, веднаш замислуваме слики од антички урнатини. И навистина, археолошките локалитети се меѓу врвните убавини на оваа медитеранска земја. Грција ја сочинуваат копното, полуостровот Пелопонез и повеќе од 6.000 острови, од кои само 227 се населени. Земјата е погодна и за верски патувања и за рекреација.

ЗОШТО ДА ЈА ПОСЕТИТЕ ГРЦИЈА?

Атина е седиште на античката грчка историја. Во центарот е Акропол, на горниот дел на градот, на чиј врв се сместени многу храмови, вклучувајќи го и Партенон, кој бил изграден и посветен на грчката божица Атена. Иако храмот претрпел големи штети во случајната експлозија во 17 век, тој останува популарна туристичка дестинација...

Во античко време Делфи било најважното место за античката грчка религија, дом на светилиштето на прочуениот оракул – богот Аполон. Античкиот театар во Делфи бил изграден на рид, овозможувајќи им на гледачите поглед кон целото светилиште и спектакуларен пејзаж. Првично бил изградена во 4 век п.н.е. и во него можеле да седат 5.000 гледачи. Денес, театарот е една од врвните туристички атракции во Грција.

Метеора („распрскано во воздухот“ или „горе на небото“) во централна Грција е комплекс од шест манастири, кои спектакуларно се лоцирани на врвот од неколку карпести столбови. Првиот манастир во Метеора е основан во 14 век. Пристапот до манастирите е промислено тежок, со долги скали и големи мрежи и јажиња што се користеле за да се извлечат стоките и луѓето. Тоа бара голема вера – на прашањето колку често монасите ги менуваат мрежите што ги користат, тие одговараат: Кога господ ќе дозволи да пукнат.

Санторини е вулкански остров во групата острови Киклади, познат по неверојатните погледи, зашеметувачките зајдисонца, шармантните бели куќи со сини врати и прозорци и по активниот вулкан. Главниот град Фира е спој од венецијанската и кикладската архитектура, чии бели улички со калдрма се разиграни со продавници, таверни, хотели и кафулиња, прилепени на работ од 400-метарските високи карпи.

Миконос на Кикладите е познат како космополитска дестинација меѓу грчките острови и широко признат како една од најдобрите туристички атракции во Грција. Градот Миконос (Хора) е неверојатно живописен, со лавиринти од тесни улички и бели пешачки патеки. Познат е и по песочните плажи и по разновидниот и интензивен ноќен живот, за што сведочат огромниот број барови и ноќни клубови.

Крит е најголемиот остров во Грција и петтиот најголем во Средоземното Море. Овде ќе им се восхитувате на остатоците од брилијантните цивилизации и ќе имате можност да ги истражувате прекрасните плажи, импресивните планински предели, плодните долини и стрмните клисури. Ќе бидете дел од богатата гастрономска култура на островот... Крит е мал универзум, преполн со убавини и со богатства, за кои најверојатно ќе ви биде потребен цел живот за да ги откриете!

Галерија
Иконографик
Мусака
Узо
Евро (EUR)
Парламентарна република
Патен, железнички, поморски и воздушен
Медитеранска
Атина
11.183.716
Грчки
Туризам, поморска индустрија, индустриско производство, метали и хемикалии, преработка на храна, пијалаци и тутун, текстил, рударство, нафта
Православни христијани, други христијани (исклучувајќи ги католиците), муслимани, други религии (вклучувајќи ги католиците)
Контакт
Tour Operator
Balkan Prime Tours
ул. 50та Дивизија 34/1/32
1000, Скопје, Македонија
+389 2 315 57 19 +389 78 44 99 98