Агро туризмот во Албанија започнува да ги живее своите убави времиња

Албанија има многу локални херои кои му помагаат на туризмот да живее и да се развива. Земја која има огромен потенцијал во туризмот, а која не е доволно откриена од страна на турустите е само добар предизвик за сите оние кои имаат цел да го откријат Балканот во текот на престојното лето.

 

 

Од диви песочни плажи, до недопрена природа покрај реките. Албанија нуди одлична храна, која пак е подготвена од вистински мајстори кои својот живот го посветиле на ова професија.

Денеска ќе ви ја раскажеме туристичката херојска приказна на  Алтин Пренга кој на свои 15 години ја напушта Албанија бегајќи од сиромаштија.

Алтин е роден во Фишта, село кое и денес живее од земјоделство и сточарство. Тој заедно со своето семејство го напушта домот кога имал само 15 години, бидејќи тогаш животот бил многу тежок за некој кој потекнува од земјоделска фамилија.

Заминува и расте во странство. Како што изминувале годините тој се повеќе се запознавал и го изучувал кулинарството. Во Италија научил како подготвува храна, како да преработува млеко, сирење и италијанско место. Научил како да подготвува и мармалади. Со тек на време тој се повеќе осеќа страст кон готвењето и се решава да продолжи со градење на своја приказна. 

 

 

Во 2009-тата година Алтин се одлучил да се врати назад во Албанија и во родното село да отвори „Slow Food“ ресторан кој ќе се наоѓа во типична рурална област и кој ќе ги почитува албанските вредности и традиции.

Прави реставрација на стар албански објект на кој додава модерни елементи кои идеално се вклопуваат во целата приказна. Неговиот ресторан денеска го носи името „Мризи и Занаве“ и важи за доста популарен објект во северот на Албанија. Ресторанот денеска е дел од светските гастрономски туристички мапи.

 

 

Целта на Алтин била да создаде оптимизам кај локалното население да не го напуштат регионот, бидејќи без локалните земјоделци и локалната економија неговиот агро-туристички бизнис нема да постои.

Водејќи се од мотото „Think locally, eat globally“ за кое вели дека не го измислил туку дека е животна филозофија, Алтин денес работи со 400 земјоделски семејства со традиционални вредности од нивните поколенија. Овие семејства секојдневно му доставуваат на диви билки, калинки и млеко.  

 

 

За нашиот тим Алтин е модерен херој кој го ризикува успехот на Запад за родниот крај. Во „Мризи и Занаве“ се чусвствува италијанскиот дух кој Алтин го стекнал додека живеел во странство, но албанската гостопримливост има доминантно значење.

 

 

Селото Фиште каде што е отворен ресторанот се наоѓа во областа на Задрима, родниот крај на албанскиот национален поет Gjergj Fishta. Селото е одалечено само 45 минути возење од границата со Црна Гора, а половина час од познатата бреговита песочна плажа. Регионот Задрима е познато по своето културно наследство, како и по локалното вино Калмет.

 

 

Алтин одвај чека Албанија да се приклучи на Европската Унија. Неговите деца се родени во Европа и тој сака тие да растат во европска Албанија со европски стандарди од земјоделието и руралниот развој.

За него „Мризи и Занаве“ е остварен сон, едно убаво кулинарско искуство. Горд на тоа дека ги вреднува работите кои Албанија ги нуди.